Oхридски тигајнци (тиганици )
Состојки
- 1 кг брашно
- 1 коцка квасец
- 1 кафено лажице сол
- 1 кафено лажице шеќер
- 500 мл масло
- 200-300 мл млака вода
Подготовка
Охридски тигајнци, ептем онака како што си ги нарекуваме ние во мојот роден крај.
Брзи, лесни и вкусни кои многу често се прават кај нас дома.
Го замесуваме брашното, со квасецот и ги додаваме исто солта и шеќерот и месиме убаво меко тесто.
Откако ќе го месиме го покриваме со кујнска крпа и го оставаме да надојди.
После тоа на набрашнета површина правиме малечки топчиња од тестото и ги покриваме со кујнска крпа да не фаќаат кора од горе.
На оган ставаме тава со масло и откако ќе се загрее маслото секое топче го растргнуваме малку со рацете и го ставаме во загреаното масло. Ги пржеме додека не поруменат убаво.
Превкусни се со сиренце и кисело млеко.