Испечати

Вртени полжав кифли

Вртени полжав кифли

Состојки

  • За тесто
  • 1 кг брашно
  • 60 гр компирови снегулки
  • 180 мл масло
  • 700 мл вода
  • 2 квасци
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • За фил
  • 2 јајца
  • 200 гр сирење или урда
  • за премачкување
  • 1 јајце
  • сусам по вкус

Подготовка

Полжав кифли...Одлични за појадок, а кога ќе успеам навреме да ги смрзнам, па и како ужинка за на училиште, за моиве малишани.
Подготовка

1. Се замесува тестото од сите состојки со млака вода и го оставаме да стаса.
2. За филот ги матиме јајцата со вилушка, па го додаваме здробеното сирење и соединуваме.
3. Откако тестотот ќе стаса го делиме на 4 дела и секој дел го расукуваме во круг.
4. Кругот го сечеме на 4 дела и на секој ставаме од филот па го виткаме како кифла.
5. Оваа долга кифла ја вртиме во круг за да добие форма како полжав-куќичка.
6. Ги редиме во намрсена тава и ги оставаме да стасаат околу 15 минути или додека да се загрее рерната на 200 степени.
7. Пред печење ги мачкаме со разматено јајце и ги посипуваме со сусам.

Забелешка
Ако ги замрзнувате направете го тоа додека се топли.