Колач со банана и тиква (без масло)
Состојки
- 150гр бело брашно
- 100гр интегрално брашно
- 2 јајца
- 4-5 лажици кафен шеќер
- 1 лажиче пециво
- 1/4 лажиче сода бикарбона
- 1/2 лажиче цимет
- 1/4 лажиче ѓумбир во прав
- 1 средна банана
- 150гр печена тиква
- 120мл јогурт
- 50гр сува брусница
Подготовка
Во еден сад ги соединуваме сите суви состојките, односно двата вида на брашно, пециво, сода, зачините...
Во садот на нутрибулет ги ставаме јогуртот, бананата и тиквата и се заедно убаво соединуваме.
Во вангличка ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме смесата да биде густа.
Со исклучен миксер ги додаваме состојките од садот на нутрибулет и сувите состојки.
Додаваме и брусница и со помош на шпатула убаво соединуваме.
Смесата ја истураме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна на 180 с.
Испечениот колач го оставаме на решетка да се излади.
Го посипуваме со шеќер во прав, сечеме парчиња и послужуваме.