Испечати

Лажно карпачио од цвекло, круша и ореви

Лажно карпачио од цвекло, круша и ореви

Состојки

  • 2 свежи цвекла
  • 1 средно зрела круша
  • 1 рака сецкан орев
  • 1 рака рукола или свежи листови спанаќ, ендивија, поточарка....
  • За печење на цвеклото, лист фолија, сол, бибер, маслиново масло
  • дресинг
  • 2 балсамико оцет или лимон
  • 2лажици маслиново масло
  • сол, 1/2 бибер

Подготовка

Карпачио зборот, значи Италијански специјалитет , од танко сечен свеж бифтек, кој се послужува како ладно предјадење
На око лична и вкусна салата е мојот денешен предлог.

Прво малите главици цвекло убаво ги миеме и не ги лупиме.
Секоја главичка ја поставуваме врз парче фолија , наросувамне сол и бибер и некоја капка маслиново масло.
Убаво ги завиткуваме со фолијата.
Ги ставаме во малечка тава и ги печиме во релна околу 30 минути.
Јас ова го сработив во уклучена релна , додека печев и мусака, значи ја искористив релната за две работи оддеднаш.
Го оставаме испеченното цвекло да се излади,
Потоа го лупиме и со помош на алатка го сечиме на танки листови.
Ги сервираме во тајнир.
Врз нив расфрламе мали коцки од свежа круша, сецкан орев, сецкан спанаќ...
Во еден сад ги соединуваме состојките за дресинг и полеваме врз другите артикли.
Оставме 15 минути во фрижидер и послужуваме.
По желба може да се нароси со малку пармезан или да се стави малку сино сирење.