Брускети со домат и кајмак
Состојки
- половина багет
- 1 чешне лук
- 2 лажици путер или маргарин
- 1-2 домат
- 3 - 4 лажици цврст кајмак
- грст ситно сечкан магдонос
Подготовка
Багетот исечете го на косо на парчиња и потпечете го во рерна, на рингла или во тостер.
Лукот истолчете го или поминете го низ алатка и измешајте го со путерот/маргаринот. Додедете и малку сол.
Уште топли премачкајте ги лепчињата со тенок слој.
Доматот исечкајте го на коцкички и распоредете врз секое лепче.
Изрендајте или издробете од кајмакот.
Одозгоранаросете ситно сечкан магдонос.