Испечати

Идеи за овошни цветови

 Идеи за овошни цветови

Состојки

  • Прв рецепт идеа
  • 1 лажица амарето или ако не сакате ликер ставете млеко
  • 1 јаболко
  • 1 паковка лиснато тесто
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1 мала лажичка цимет

Подготовка

Доаѓа еден убав месец, месец Март.
Со него и денот на жената. Еве едни убави идеи за цветови.
Виткањето можеби познато, но идеите за внатрешноста сметав дека ќе се добредојдени.
1. За овој начин се потребни следните состојки:
1 паковка лиснато тест
2 големи лажици шеќер
1 мала лажичка цимет
1 лажица амарето или ако не сакате ликер ставете млеко
1 јаболко
шеќер во прав за попрскување
Листот од лиснато тесто распостелете го на работната маса и поделете го на 6 ленти.
Со четка попрскајте амарето врз секоја од лентите.
Шеќерот добро измешајте го со циметот и расподелете го по лентите подеднакво.
На горниот дел од лиснатото тесто редете ги половинките јаболка, кои претходно ги зовревте во сад на оган.
Редете до крајот на лентата ,па со долниот дел од лиснатото тесто преклопете ги јаболките до половинка.
Виткајте во вид на ролат со тоа што јаболките ќе останат завиткани на горната страна.
Колку повеќе јаболки ќе ставите толку порасцветани ќе бидат розите.
Разлисајте ги листовите на розата и редете ги во корпи за мафинки.
Рерната нека е вклучена на 180 степени и ставете ги да ги печете. во загреана рерна околу 20 минутки.
Откако се печенки можете да ги попрскате со водата во која ги зовревте јаболката, зашто тоа е само сокот кој го испуштија јаболките.
Откако ќе изладат попрскајте ги со шеќер во прав.
2. Вториот начин со кои можете да си поиграте е следен
потребно е
1 паковка лиснато тесто
1 лимета
6мали лажичиња цимет шеќер
3 големи лажици желе од капинки или мармалад од капини
1 јаболко.
Начинот на подготовка е ист, само што во овој случај, листовите јаболко се сечат на многу тенко, па се попрскуваат со сок од лиметата, а подлогата се премачкува со желето или мармаладот од капини и се попрскува со цимет шеќерот.
3.Третиот начин е да користите ананас од конзерва наместо јаболки.
Облогата премачкајте ја со мармалад од кајсии или портокал, па листовите ананас редете ги исто како јаболките.
Ќе добиете златно жолти цветови.
Се надевам дека ќе бидат од корист овие идеи.
Уживајте во убавиот месец.
Забелешка
За оние кои сакаат солени цветови, имате слика од мафини со врат и чајна. Начинот ист само додадете кашкавал и сувомесно.