Клуб сендвич со краставица и крем сирење
Состојки
- Парчиња леб по потреба
- свежа краставица на ленти
- по потреба домати
- по потреба кулен
- по потреба крем сирење
Подготовка
Интересна и вкусна идеја за клуб сендвичи.
Свежата краставица исечете ја на тенки ленти.
Парчињата леб намачкајте ги со крем сирење и ставете од лентите краставица. Ова ќе биде за надворешните страни.
На средината пак намачкајте со крем сирење, ставете тенки парчиња домати и кулен.Направете сендвич.
Исечете ги краевите, а потоа пресечете го сендичот по дијагонала.