Испечати

Ѓозлеме - традиционален турски рецепт

Ѓозлеме - традиционален турски рецепт

Состојки

  • Тесто
  • 1 чаша (200 мл) топла вода
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 3 лажици масло
  • половина лажиче сол
  • околу 400 г брашно
  • Фил по желба
  • мешавина од спанаќ, сирење, кашкавал и малку кромид

Подготовка

Ѓозлеме е традиционален Турски специјалитет. Да одиш во Турција и да не пробаш ѓозлеме е грев. Пред да го пробам го мешав името со нашето ѓомлезе, потоа видов дека се работи за нешто сосема друго. Ѓозлемето е некој вид затворена тенка пита со зајре. Мене највкусно ми е со мелено месо или со спанаќ и сирење. Овој ми беше прв обид да си го направам дома откако пред 2 години последен пат го јадев во Турција и навистина беше превкусно и погодено таман, како што би рекле турците.

Прво се става квасецот во топла вода со малку шеќер и се чека да запени.
Потоа во него се додава постепено брашно по потреба, се додава и сол и масло и се замесува меко тесто. Тестото се остава да стаса 1 час.
Потоа се дели на 8 дела и секој дел на набрашнета површина се трансформира во топче.
Секое топче се развлекува во тенка правоаголнеста кора со помош на сукало, на едната страна се става од зајрето и се преклопува со другиот крај на кората.
Вака подготвеното ѓозлеме се става во намрсено тавче на рингла да се запечи неколку минути од едната страна, па потоа пред да се преврти од другата страна, се мачка со масло од горе и се превртува да се запечи и на другата страна.
Се оставаат на страна сите едно на друго, потоа се сечат на половина и се консумираат додека се топли.
На здравје