Чоколаден тост со фстаци
Состојки
- 2 тост ржани лепчиња
- 2-4 лажици чоколаден крем
- 1/2 банана
- путер по потреба
- 1 рака солени печени фстаци
- цимет и шеќер
Подготовка
Мх...мх...мх...мх..Тостов е јади и молчи ....
Подготовка
1. Лепчињата ги премачкуваме со чоколаден крем.
2. Ставаме сечкани банани врз едното лепче.
3. Исчистените и исечканите ф’стаци ги распордуваме врз бананите.
4. Поколопуваме со другата премачкана со крем кришка.
5. Одозгора го премачкуваме со путер.
5. Го ставаме на загреан тостер, го држиме околу дваесетина секунди, колку да се растопи путерот.
6. Потоа го посипуваме со шеќер и цимет или пак го валкаме во промешан шеќер со цимет.