Брускети Вортекс
Состојки
- 2 тост леб
- 2 лажици путер
- 2 лажици слатко од трендафил
- 1 ванила
- 1/2 банана
- 50 гр бадеми
- 50 гр ореви
Подготовка
Хранливи, многу вкусни.. Самиот неверојатен вкус и одбраните состојки кои ви даваат енергија, ве прават да бидете на висока вибрација преку целиот ден, затоа и така ги именував. Вортекс е поим за висока вибрација и позитивна енергија.
Подготовка
Тост лебчињата ги премачкуваме со путер и ги ставаме во рерна. Откако ќе заруменат, ги вадиме од рерна
Одозгора ставаме слатко од трендафил, наросуваме малку ванила, редиме банана, а од страните бадеми и ореви.
На здравје!
Забелешка
Освен слатко од трендафил, исто така, многу се вкусни и со слатко или џем од јагоди, испробано!