Фарфалини со зачинети ќофтина и домати
Состојки
- 300гр Фарфалини тестенини
- 300гр мелено мешано месо
- 300гр шери домати
- 1 сецкан кромид
Подготовка
Кој е за тестенини? Фарфали, фарфалини или пеперутки, сеедно, вкусотија.
Фарфалините сварете ги според упатството, околу 10 мин.
Тавата на Делимано ставете ја да се загрее, ставете го кромидот и пржете кратко, додатете го доматот и пржете околу 10 мин.
Во меѓувреме спремете го месото, измешајте го зачините додадете масло и формирајте прилично мали топчиња, за еден залак и изпрежете од двете страни.
Тестенините исцедете го прелијте со сосот, месото и декорирајте со магдонос.
Пријатен ручек!