Испечати

Бухтли со мармалад(посно)

Бухтли со мармалад(посно)

Состојки

  • за квасец
  • 100 мл вода
  • 1 квасец
  • 1 лажица шеќер
  • за тесто
  • 500 гр брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • прстофат сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • кора од 1 лимон
  • 200 мл топло оризово млеко
  • масло за премачкување
  • за полнење
  • мармалад слатко или по желба

Подготовка

Значи овие бухтли се доказ дека и посните теста може да бидат меки и особено вкусни. Пробајте и ќе се уверите во моево мислење.
Подготовка
1. Квасецот го раствораме во водата , додаваме шеќер, промешуваме и го оставаме да се активира.
2. Останатите состојки за тесто ги ставаме во еден сад и заедно со активираниот квасец го замесуваме тестото со посното млеко.
3. Садот во кој ќе стасува го намрсуваме со масло и тестото исто кога ќе го ставиме во садот го намрсуваме. Го оставаме да стаса 10-15 минути, па го размесуваме во истиот сад, па го продолжуваме со стасување тестото уште околу 40 минути или додека да се дуплира.
4. Кога ќе се дуплира, кога ќе стаса тестото го ставаме на набрашнeта работна маса и само го расукуваме без размесување.
5. Вадиме кругчиња со калапче или со чаша. На секое ставаме по лажичка полна мармалад, ги посипуваме со цимет и ги затвораме убаво, па со затворената страна надолу ги редиме во намрсена тава број 26.
6. Ги премачкуваме со масло, да бидат убаво намрсени и ги оставаме да стасаат 10-15 минути.
7. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени со вентилатор околи 30 мунути, или додека да поцрвенат.
8. Кога ќе ги испечеме повторно ги премачкуваме со масло, ги оставаме да го впијат маслото и ги посипуваме со шеќер во прав.

Забелешка
Во загреана 200 мл вода ставаме 4 лажици оризово млеко во прав и го мешаме до соединување. Јас ја користев Делимано делициа округлата тава , таа е со број 24, иако повисочки бухтлите излегоа, сепак беа меки и убави на лик. За овие бухтли користев домашно слатко од капини и не им ставав цимет, а вие полнењето направете си го по желба и вкус. Подеднакво се убави и со мешан мармалад, како и со џем од сливи.