Брзи пирошки со сирење
Состојки
- 3 јајца
- 400 гр брашно
- 300 гр сирење
- 1 пециво
- Сол по вкус
- Масло за пржење
- 50 мл вода
Подготовка
Вкусен појадок во пет лесни чекори.
Подготовка
1. Сирењето го рендаме или го гмечиме, особено ако ни е меко и масно.
2. Замесуваме средно меко тесто од сите состојки.
3. Го расукуваме да ни биде со дебелина од 1 см.
4.Сечеме со алатка за пица форми по желба.
5. Ги пржиме во загреано масло.
Забелешка
Во зависност од масноста на сирењето ќе се додава вода во тестото.