Босански лепињи
Состојки
- 500 гр брашно
- 1 сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички сол
- 250 мл млеко
- 50 гр вода
Подготовка
Подготвувавме скара за ручек па сакав да ги изненадам домашните со убави лепчиња и успеав во тоа. Прекрасен рецепт за лепињи кои може да ги комбинирате со што сакате, дури и само така да се каснат се вкусни.
Подготовка
Го ставаме брашното во сад, правиме дупка во него и ги ставаме шеќерот и квасецот. Солта ја ставаме од страна. Го замесуваме тестото прво со млакото млеко, а потоа ја додаваме и топлата вода. Треба да ни е замесено средно меко. Оставаме да стаса околу 1 час или да се дуплира.
Го размесуваме и делиме на 4-5 топчиња. Топчињата ги покриваме со крпа и оставаме 10-15 минути. Потоа секое со рака го притискаме нежно за да ни дојде со дебелина од околу 1,5 - 2 см. Ги редиме на хартија за печење или во делимано тавите. Секое со тапата страна од ножот му правиме вдлабнатини во форма на квадрати или баклави. Тестото го премачкуваме со млака вода и на секоја лепиња по желба ставаме семиња. Оставаме околу 30 минути да отстојат и стасаат, а за тоа време ја местиме решетката во рерна на вториот степен гледано одозгора и ја вклучуваме да се загрее на 250 степени.
Забелешка
Во зависност од брашното што го користиме зависи и количеството на течност што тоа ќе ја упие. Од семиња ставав чурек и сусам, а вие по желба. Може и да не ставате семиња, оставам на вас. На погорна решетка побрзо се печат, веднаш нараснуваат. Некои од лепињите ми се попечени затоа што домашните така ги сакаат.