Испечати

Брускети со намаз од лук

Брускети со намаз од лук

Состојки

  • парчиња багет
  • маслиново масло
  • намаз од лук
  • парчиња кашкавал
  • млад кромид(за декорација)

Подготовка

Одлични се овие брускети, посебно за љубителите на лук.
Прво секое парче леб го полеваме со маслиново масло-една супена лажица.
Потоа секое леб го премачкуваме со една кафена лажичка намаз од лук (намазот од лук можете да си го направите дома, на странава има рецепти или го има и во маркети)
Згора ставаме парче кашкавал по ваш избор и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 5 минути.
Декорираме со ситно сецкано младо кромидче или може со друг зеленчук по избор.
На здравје!