Нафора со путер
Состојки
- по желба кришки леб (овде багет)
- по потреба путер
- по желба суво нане
- по желба буковска пипер
- по вкус сол
Подготовка
Многу едноставен и вкусен начин за искористувањето на сувиот леб. Најчесто багетот е таков кој треба да се искористи истиот ден, а ако остани, според мене не е вкусен да се чува затворен во ќеса, тегав е после, па го оставам во хартијата само и така стврднат потоа е одличен за потпекување и повторно вкусен за јадење.
Имаше полемика на фб страницата што се всушност брускети. Еве јас ќе ви кажам. Веќе секое потпечено лепче со некој додаток. И би сакала сега да мудрувам малку на еден хумористичен начин, па вака би кажала - Брускети нашите предци одамна користеле, само што си ги викале потпечени лепчиња и не им дале фенси име, така да... се е наше )))
Багетот се сечи накосо на тенки парчиња.
Кога сме со ваков вовед, да надоврзам... овие ги печев на ринглата, не во рерна. Ем побрзо, ем знаеш колку точно ќе испечиш и гледаш одма во моментот. Најдобри се на шпорет на дрва, но еве и на плотна решение лесно. Само ставате една алу фолија над ринглата и нема лепење, па печите на средна јачина од двете страни.
Печените лепчиња се мачкаат од двете страни со путер додека се топли и се наросуваат соп сол, нане и буковец.
Се служат топли со некој вкусен ручен. Кај нас најчесто се практикуваат со ската, но наместо путер се става масло. Инаку можат да се искористат и како појадок кој постарите генерации ги потсетува на сетството, со топло чајче или млеко.