Испечати

Бадем шопска салата (посно, хроно)

Бадем шопска салата (посно, хроно)

Состојки

  • 120 гр бадеми
  • 30 мл вода
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици сок од лимон
  • 1 младо лукче
  • ½ свежа краставица
  • свеж магдонос по сопствена мерка
  • ½ кромид
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка

Бадемите се одлична замена за протеини кога постиме. Овде на Мои рецепти веќе ми е поставено сирењето од бадеми. Ова е нешто слично, но сепак различно.

Подготовка
1. Бадемите ги ставаме да се киснат прелиени со вода околу 24 часа, а потоа ги лупиме.
2. Ги блендираме заедно со маслото, лимоновиот сок, лукчето и водата.
3. Доматот, кромидот, магдоносот и краставицата ситно ги сечкаме. Ги додаваме кон кашата од бадеми.
4. Зачинуваме по вкус, со сол и бибер, па сервираме.

Забелешка
Мерката за бадемите што е пишана се откиснати во вода и излупени. Можете да си додадете и повеќе домати или краставици, проценете си сами по сопствен вкус. Вака направената салата во добро затворен сад може да стои до два - три дена во фрижидер. Ако ставите премногу вода во бадемите кога ќе ги блендирате ќе ви биде повлажна салатата. Ама и за тоа има решение, може да ги процедите мелените бадеми низ газа.