Мини пици брускети

Состојки
- 6 кришки црн леб
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 50 гр шампињони
- 50 гр маслинки
- по потреба оригано
Подготовка
Многу брзи и вкусни мини пици.
Шампињоните испржете ги малку, маслинките исечете ги на кругчиња.
Кришките леб испечете ги на тостер и сечете со округла форма, врз нив ставете домашен кечап, шунка, кашкавал, маслинки, печурки. Наросете со оригано. Ставете ги во микробранова на 1 минута да се стопи кашкавалот. Украсете со ситно сечено младо кромидче.
Добар апетит!