Брускети со тиквичка
Состојки
- 2-3чешниња лук
- 100мл маслиново масло
- 4 тост лепчиња
- 1 тиквичка
- 1 сок од лимон
- 1/4 лажиче хималајска сол
Подготовка
Уште еден убав рецепт за љубителите на брускети.
Ние ги обожаваме и ги приготвуваме во разни варијанти.
Подготовката е следна.
Тост лепчињата ги печеме во тостер за лепчиња. Откако се печенки, ги сечеме на триаголничиња.
Секое триаголниче го попрскуваме со маслиново масло.
Лукчето го чистиме, па го мачкаме врз секое триаголниче,триејќи го по површината да го испушти сокот.
Тиквичката ја миеме и ја сечеме на тркалца. Ја ставаме во апаратот на топол воздух и ја оставаме да се запече.
Откако е готова ја префрламе во длабока чинија па ја посолуваме и попрскуваме со маслиново масло и сок од лимон.
Оставаме така да постојат да впијат.
Потоа врз секое триаголниче ги редиме тиквичките и сервираме на даска.
Овде во овој рецепт оди и козјо сирење кое не го ставив заради гостите кои не го обожаваат.
На здравје со овој убав прилог