Испечати

Брускети со крем сирење и печурки

Брускети со крем сирење и печурки

Состојки

  • 10 печурки ( шампињони )
  • 100 гр крем сирење
  • 2 мали лепчиња багети
  • За декорација
  • по потреба магдонос

Подготовка

Одличен рецепт за брускети со печурки.
Дозата можете да ја зголемите во зависност од потребите.
За почеток запржете ги шампињоните во тава на масло. Зачинете ги и посолете.
Лепчето багетче, пресечете го на тркалца на мали рибанчиња.
Печето го на тостер или на грил тава.
Ако ги печете на грил тава, намастете ја малку со маслиново масло.
Откако ќе бидат млаки, премачкајте ги со крем сирење по вкус.
Јас користев намаз со билки кои дополнително го збогатија вкусот на брускетите.
Врз секое парче ставете лист од магдонос, а потоа додадете по едно парче
печурка.
Зачинете со свежо мелен црн бибер.
Ако сте ги печеле лепчињата на тостер тогаш попрскајте ги со малсиново масло.
На здравје со овој вкусен прилог.