Оранж кафе со ванила
Состојки
- 4-5 коцки мраз
- 1 -2 портокали
- 1 шољичка кафе еспресо
- 1 лажичка ванила екстракт
- шеќер по вкус и потреба
Подготовка
Овој пијалок ми го подготви средниот син… Јас само ги следев чекорите и бидејќи многу ми се допадна ова кафе го споделувам со вас.
Подготовка
1. Во чашата најпрво го ставаме мразот.
2. Ги цедиме портокалите и сокот го ставаме во чашата.
3. Го подготвуваме еспресото и најдобро е да го ставиме во ѓезве за да не ни подлева од шољичката кога ќе го ставаме во сокот.
4. Внимателно го ставаме во чашата, ама првенствено да тече на лажичка која ја ставаме над сокот од портокали. Ова се прави вака за да дојде до двоење на течностите, односно заради изгледот.
5. На крајот додаваме екстракт од ванила.
Забелешка
Колку портокали ќе исцедите зависи од нивната сочност.
Шеќер си додавате по вкус, можете кога веќе е послужен пијалокот, а може и во кафето да го растворите, па да го додадете кон сокот…Можете да употребите и ванила шеќер ако сакате заблажување на овој пијалок, а немате ванила екстракт.