Германски гулаш
Состојки
- 450 гр. јунешко месо
- 400 гр. кромид
- 1 лажица свинска маст или 3 лажици масло
- 2 чешниња лук
- 1 лажица кафен шеќер
- 2-3 листа ловор
- 1 лажичка ким
- 1 лажичка сув мајоран
- 1 лажичка сува мајчина душичка
- 3 лажички црвен пипер во прав
- 1 лажичка лут црвен пипер во прав
- 2 лажици концетрат од домат
- малку сол
- 1 литар говедски бујон
- За послужување
- 2 лажици кисела павлака
- 100 мл. слатка павлака
Подготовка
Овој рецепт е за еден од народните јадења за кој секое домаќинство си има свој сопствен рецепт со мери и додатоци и се подготовка во кое било време во годината. Тајната е главно во комбинацијата на зачинките кои даваат одличен вкус, а самиот ким овде царува и дава посебна арома.
- Приготвеното месо исечете на коцки.
- Исецкајте го кромидот и лукот на помали коцки, но оставете ги засебно не да бидат измешани.
- Ставете во тенџерето маста или маслото нека се добро загрее, по што ќе го додадете на коцки исеченото јунешко месо. Нека се пржи 4-5 мин. бркајки за да се запржи од сите страни и порите да му се затворат. Извадете го месото од тенџерето и во истата маснотија ставете да се пржи кромидот околу 5 мин. Сега додадете го лукот, шеќерот, ловоровиот лист, кимот, мајоранот, мајчината душичка - продолжете да сето ова заедно да го пржите уште некоја минутка, вратете овде месото заедно со соковите кои ги пуштило во садот, добро измешајте и пржете уште 5 мин. Додадете ги благиот и лутиот црвен пипер, концетратот од домати, се' заедно измешајте и нека се пржи 1-2 минутки колку да се спојат сите состојки, залијте со говедскиот бујон, доосолете по ваш вкус, поклопете и оставете на тивок оган да се вари околу 60 мин. Повремено промешувајте и доколку ценете вие за густината. Можете дополнително да го подлиете со течност.
- Ова е основата на гулашот.
ПРЕДЛОГ
Доколку сакате да го направите со компир тогаш продолжете со постапката така што ќе излупите 3-4 компира и исечете го на мали коцки, додадете го кај гулашот при самиот крај на варењето односно околу 20 мин. пред истекот на тие 60 мин. Како што кажав погоре, густината одредете ја сами, при ставањето на компирот да се вари во гулашот можете да додадете вода. Кога е се готово оставете го да овој многу вкусен гулаш се одмори барем 15 мин и можете да се служите (ова е заради спојот на сите вкусови)
ПОСЛУЖУВАЊЕ
Во засебен сад измешајте ги киселата и слатката павлака и секој што сака нека си стави во тањирот. Придружба е сезонската салата, а богами и добро оладено пиво.
НАПОМЕНА
- Јас го послужувам најразлично. Кога ја приготвувам само основата засебно приготвувам пире и кој сака нека си стави и пире, но најчесто го правам со предлогот кој ви го дадов.
- Во 1 л. вода ја растворам говедската коцка и со тоа заливам.
- Ова е еден од подобрите рецепти за гулаш и би ви препорачала дупла количина.. да не се случи да се бара репете, а ќе нема...
Да ви е слатко!