Квадратест бурек со мелено месо
Состојки
- 500 г кори за пита
- Зајре
- 400 г мелено месо
- 1 главица исецкан кромид
- сол по вкус
- малку црн бибер
- масло за запржување
- За попрскување
- 200 мл млака вода
- 1 голема лажица кисело млеко
- 80 мл масло
- прстофат прашок за пециво и сол
Подготовка
Ова е еден од најдобрите рецепти за бурек со готови кори, навистина наликува како купечкиот, само што не е толку мрсен и не создава тежина на стомакот како да си јадел тесто, има полесна структура и навистина е совршен. Многу е важно да одберете добри кори, сум го правела со различни и секогаш е различен, колку подобри корите - толку подобар е крајниот резултат.
Друга финта која ја открив за да добиете добар бурек е тавчето во кое ќе печете, мора да е нелепливо. Откако ги користам тавите на Делимано коперлукс, се спасив од залепување, буквално ништо ми се нема залепено, а не ги ни подмачкувам со масло, закон се за печење на се.
Обично ја користам малата кружна тава на Делимано коперлукс, но бидејќи ја немам се' уште средната димензија, овој пат ја користев квадратестата тава за да не ми испадни превисок бурекот, и навистина висината дојде совршена. Затоа и го нареков квадратест бурек.
Прво пригответе го зајрето, запржете го исецканиот кромид на малку масло, па додадете го меленото месо, убаво испржете го, додадете сол по вкус и црн бибер, пробајте за вкус дали е доволно солено и тргнете го тавчето на страна.
Припремете ја мешавината за попрскување.
Потоа во тавата во која ќе печете, поставете 2 кори една врз друга, едната во должина, а другата во ширина, краевите треба да висат надвор. Земете една кора, стуткајте ја и ставете ја врз двете кори, повторете го истото и со уште 2 кори, стуткајте ги и ставете ги во тавчето и одозгора убаво попрскајте ги со мешавината од вода, кисело млеко, масло, пециво и сол. Одозгора распоредете дел од меленото месо.
Повторете ја постапката уште 2, 3 или 4 пати, зависи колку кори имате, на крај оставете една слободна кора, ставете ја најгоре, а со краевите од првите 2 кори, затворете го бурекот и прелејте го со останатата мешавина од вода и масло.
Вака подготвениот бурек ставете го да се пече половина час на 200 степени.
После печење, оставете го 10тина минути да одмори, превртете го од другата страна и послужете го топол.