Пилешки гради прелиени со сос (Апарат за готвење со топол воздух)
Состојки
- 500 гр пилешки гради/интерфиле
- 1-2 јајца
- 5-6 лажици лебни трошки
- 5-6 лажици сусам
- сол, бибер по вкус
- 1 лажичка кари
- 2-3 лажици свинска маст
- За прелив
- 5 лажици кисела павлака
- 2 лажици мајонез
- сол по вкус
- 1 лажица рамна сушен копар
- 1/2 лажичка куркума
- 3-4 кисели краставички
- 3-4 лукчиња
Подготовка
Ручекот готов за 30 минути, а ако подготвите и компирчиња нема да ви се потребни повеќе од 45-50 минути. Тука ја вклучувам и подготовката на салатата=)
Подготовка на пилешките гради
1. Во јајцата додаваме сол и ги разматуваме.
2. Ги соединуваме лебните трошки, сусамот и зачините.
3. Секое парче месо го потопуваме во јајцата па во зачините.
4. Ги редиме во Апаратот за готвење со топол воздух. Потоа на скоро секое парче ставаме/го премачкуваме со свинска маст.
5. Го вклучуваме апаратот на 180 степени и на време 25 минути.
Подготовка на прелив
1. Лукчето и краставичките ситно ги сечкаме.
2. Заедно со сите останати состојки ги соединуваме и оставаме во ладилник да ни се соединат вкусовите.
Забелешка
Сусам и лебни трошки додаваме според потребата.
Свинската маст може да ја замените со масло или путер.
Во текот на печењето можете да го превртите месото за да биде крцкаво од сите страни.
Во зависност дали сакате попечени пилешки гради, може и да го продолжите печењето.