Испечати

Брзи макарони со кашкавал (варени во млеко)

Брзи макарони со кашкавал (варени во млеко)

Состојки

  • 500гр. макарони
  • 1,25л млеко
  • 300гр. кашкавал по избор може и мешавина од сирења чедар, плаво сирење, моцарела
  • 80гр. путер
  • сол, бибер, прстофат мускатно оревче и лук во прав, за декорација сув или свеж магданос
  • 100гр. пармезан за сервирање

Подготовка

Едноставни кремасти макарони со кашкавал или со сирења по ваш избор кои се готови за помалку од 30 минути и што е најдобро нема потреба да валкате тенџере за да ги сварите тестенините, па цедалки, па тенџерче за бешамел сос и тава за печење.... Да живее „оне пот паста мак анд чииз“ или тестенини со сирење приготвени во еден сад.....

1. Во подлабоко тенџере или вок тава истурете го млекото, додадете ги макароните, наросете сол и бибер. Варете така со повремено мешање се додека млекото не почне да врие. Штом млекото почне да зовира намалете на среден оган и гответе 7-8 минути, повторно со повремено мешање.
2. Кога макароните ќе впијат поголем дел од млекото тргнете ги од ринглата и додадете го путерот размешајте да се растопи побрзо и додете го наренданиот кашкавал или сирењата по ваш избор. Ако е потребно вратете на тивок оган колку кашкавалот да се растопи.
3. За крај додадете прстофат мускатно оревче, лук во прав и свеж или сув магданос на вкус. Сервирајте ги топли заедно со нарендан пармезан. Доколку немате пармезан можете и да го изоставите....
И толку макароните се готови!