Потпечен спанаќ со киноа и бешамел
Состојки
- 500 г исчистен измиен спанаќ
- 3 лажици киноа семе
- по 1 неполна лажица црвена пипер и вегета
- 50 мл доматен сос
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 1/8 главица сецкан кромид
- Бешамел
- 50 г путер
- 1/5 лажица брашно
- околу 400 мл млеко
- половина лажиче мешан сув зачин
- Плус
- 3-4 јајца (по желба)
- 100 г рендан кашкавал
Подготовка
Превкусен ручек кој сосема е различен од спанаќот на кој сте навикнати да го јадете. Овде употребив киноа семе како поздрава варијанта од оризот, а бешамелот, кашкавалот и јајцето го збогатуваат вкусот.
Подготовка
Прво се запржуваат на масло кромидот, лукчето и спанаќот. Користете ја тавата во која ќе печете. Користев Делимано коперлукс квадратеста тава со рачки.
Додадете го сецканиот морков, киноата, доматниот сос, додадете ги зачините и налејте вода да се покрие спанаќот и оставете да вари 20тина минути.
Во меѓувреме пригответе го бешамелот, на растопен загреан путер, пропржете го брашното 2-3 минути и додадете млеко, мешајте постојано за да не ви се направат грутчиња, додадете и малку зачин, можи и малку црн бибер, нека се згусни и тргнете го на страна. По потреба додадете уште млеко.
Откако ќе поминат 20тина минути варење на спанаќот, тргнете ја тавата, одозгора прелејте со бешамелот, ренданиот кашкавал и ставете цели јајца по желба.
Ставете само кратко да се запече во рерна.
На здравје