Испечати

Малинасти локум корпи од сусам (посно, без масло, без печење)

Малинасти локум корпи од сусам (посно, без масло, без печење)

Состојки

  • 125 гр црвен локум
  • 100 гр сусам
  • 50 гр сушена брусница
  • За фил
  • 400 гр малини
  • 100 гр шеќер
  • 150 гр локум
  • неколку капки сок од лимон

Подготовка

Овие слатки декоративни корпи се одличен избор за љубителите на овошни слаткотии. Ова е предлог рецепт и за славски посни трпези, при што корпичките можете да ги правите во мали калапчиња, како ситни колачиња, бидејќи се баш благички.
Подготовка
1. Сусамот кратко го потпекуваме, да добие златно жолта боја.
2. Го додаваме локумот исечкан на парчиња, ситно насечканата брусница и мешаме до соединување на смесата.
3. Отаваме кратко да излади, за тоа време калапчињата ги премачкуваме со масло.
4. Со навлажнети раце од смесата формираме топчиња, кои ги расплескуваме и ги редиме во калапчињата. Оставаме убаво да се изладат и стегнат. За тоа време го подготвуваме филот од малини.
5. Ги ставаме малините со шеќерот да вријат, додека да се згусне смесата, како за слатко.
6. Сварените малини ги процедуваме низ сито да ги отстраниме семчињата од малини, па смесата ја враќаме на рингла. Го додаваме сокот од лимон и сечканиот локум.
7. Мешаме до растопување на локумот. Малинастава пире смеса ја оставаме да излади па секоја сусам корпа ја полниме со неа. Декорираме по желба.
Забелешка
Корпите ги формирав во калапи за мафини. За да дознаете дали смесата со малини згуснала земате од шербетот во лажичка, го ладите и ставате на нокт. Ако капката не се разлева, значи готово е. Тоа е начинот на кој дознавам дали ми е варено слаткото и згуснат шербетот. Откако ми се сварија малините им го ставив локумот, а не ги процедив од семчињата. Тоа го направив откако се растопи локумот, и откако видов дека има многу семчиња внатре. Ама вие ако сакате можете и семчињата да ги оставате, не е задолжително нивното отстранување.