Торта со суво овошје
Состојки
- за кората
- 9 јајца + 9 лажици шеќер
- 3 лажици брашно (полни до врв)
- 150гр. сечкани суви смокви
- 150гр. потпечени толчени ореви
- 150гр. сечкани суви брусници
- на врв на лажиче сол,рендана кора од портокал 1 лажиче
- за натопување на кората
- 1 цеден портокал (сокот без пулпа)
- 2 лажици рум
- за фил
- 9 лажици шеќер во прав +9 жолчки
- 1 мало лажиче рендана кора од портокал
- 200гр. несолен путер
- 200гр. шеќер во прав
- 1 кесичка ванила
Подготовка
Изобилува со ароми!
Измени направив во количината на шеќер во филот, за што ќе напоменам подолу во текстот.
Кората се подготвува вообичаено со биење на белките со малку сол, додаваме шеќер, се става брашно, се намалува брзината на миксерот, па се додаваат сечканите суви овошја, кората од портокал.
Се печи над хартија во плех, во рерна загреана на 180 степени.
Ладната кора се сечи на три ленти, се попрскува со мешавината од сок од портокал и рум.
За подготовка на филот ставаме во сад вода над оган да се вари. Над пареата ги биеме жолчките со шеќерот во прав да се згуснат дното на садот да не ја допира водата одоздола која се парее над огнот
. Се тргаат настрана да се изладат. На
страна се бие путерот со шеќер. Додадов 125гр.(наместо 200гр.шеќер)додаваме и ренданата кора од портокал. Се спојуваат ладни жолчки со биен путер. Филот се дели на три делови, се филува секоја лента најгоре се украсува со рендано чоколадо. Пред служење оставете да отстои неколку часа.