Десерт во чаша со авокадо и локум (посно)
Состојки
- За чоколаден дел
- 100 гр спекулас бисквити
- 25-30 свежи урми
- 1 авокадо
- 100 гр локум
- 2 полни лажици какао
- 2 полни лажици кокосов путер
- Сок од 1 портокал
- За авокадо-зелен дел
- 1 авокадо
- 100 гр локум
- Сок од 1 портокал
- За украсување
- 12 Малини
- Листови од нане
Подготовка
Ги имав овие состојки и си велам да подготвам нешто со што ќе ги изненадам домашните, особено оние кои постат. За овој сладок, вкусен, посен и декоративен рецепт ви се потребни четири чаши и четири лажички, блендер и основните состојки. Можете да си комбинирате, додавате и други вкусови, а јас еве ви го пренесувам производот како што го подготвив во мојата кујна.
Подготовка
1. Најпрво бисквитите ги мелеме и ги распоредуваме во чашите.
2. Урмите ги потопуваме во жешка вода барем 1/2 час, ги процедуваме и им ја отстрануваме лушпата.
3. Ги ставаме во чаша од блендер (нутрибулет во мојот случај).
4. Додаваме излупено и исчистено авокадо, сок од портокал, растопен кокосов путер, какао и сечкан локум.
5. Блендираме до измазнување на смесата, па ја распоредуваме и неа по чашите, врз мелените бисквити.
6. Во чашка од блендерот ставаме исчистено авокадо, сок од портокал и сечкан локум.
7. Блендираме до измазнување и зеленава смеса ја распоредуваме врз чоколадниот дел.