Винчини песок торта (без печење)
Состојки
- 1 литар млеко
- 4 пакетчиња прашок за пудинг од ванила
- 12 лажици шеќер
- 250 гр маргарин
- 200 гр бисквити Винчини
- 200 гр наполитанки Винчини
- 200 гр чоконугат крем Алми
- 200 гр овошно желе (овде од црвено овошје)
- 200 мл слатка павлака или шлаг пена
Подготовка
Оваа торта беше предроденденско частење за колегите-пријатели со кои своите радосни моменти секогаш си ги прославуваме, а си правиме и прослави дури и кога нема повод. Како еден од нив не го сака кокосот, се решив за брза непечена торта на која основата и е од познатата Песок торта, но со додатоци на Винчини производите, па така обострано се поклопи и за вкусот на сите, а и со темава ете по случајност.
Инаку, до сега ни сум пробала, ниту сум направила Песок торта и еве оваа прва одма ја преиначив малку хаха
Најпрво се вари кремот пудинг заедно со шеќерот и млекото.
Уште врело, се додада маргаринот и се меша или миксира до мазна крем структура.
Кремот се дели на 3 еднакви дела. Во првиот се додаваат мелените бисквити кој рамномерно се распоредува врз дното на калап 26 со обрач, врз него премачкав готово купено овошно желе за да го освежи малку вкусот, над него оди вториот дел измешан со дробени Винчини наполитанки и третиот со Алми крем претходно убаво измиксиран.
Тортата одозгора се украсува со шлаг и детали по желба.
Убаво е да преноќи пред да се сечи на парчиња.