Варени костени (зимница)

Состојки
- Костени по потреба
 - Вода за варење
 - Кесички за замрзнување
 
Подготовка
Ова е еден од начините на кои може да складирате поголемо количество костени се разбира ако имате место во вашиот замрзнувач.
 За првпат рецептов го пробав лани и искрено бев воодушевена. Вака складираните костени можете да ги конзумирате во кое било годишно време, а и да ви се најдат за некој рецепт во кој е потребно пире од костени.
 Голем поздрав до Јове и Весна кои ме запознаа со овој начин на складирање на костени.
 Подготовка
 Костените ги ставаме во тенџере во кое ќе се варат. Ги преливаме со вода и ги вариме на средна температура. Откако ќе почнат да вријат ги вариме околу 20 минути или додека да омекнат. Потоа ги процедуваме, ги миеме, пак ги процедуваме и ги оставаме да се изладат. Откако ќе се изладат ги редиме во кесички. Ги одложуваме во замрзнувач.
 По потреба ги вадиме и ги ставаме во вода која врие, неколку минути колку да се одмрзнат. Ги процедуваме и послужуваме. Костените се вкусни како да се сварени истиот час.
 Забелешка
 Времето на варење е приближно напишано.
 Јас користам експрес лонец за варење, така да ми е побрза постапката на варење.