Торта Маргерита
Состојки
- 100гр брашно
- 90гр путер
- 150гр шеќер
- 3 јајца
- 50гр густин на Сончева Долина
- 2 жолчки
- 3гр прашок за пециво на Фантазиjа
- кора од еден лимон
Подготовка
Кој сака вкусен десерт?
Тортата Маргерита е ден од најпознатите десерти и е составена од многу едноставно и миризливо тесто направено од јајца, брашно и шеќер, збогатено со кора од лимон, што дава ароматичен вкус и мирис.
Тоа е многу мек и нежен десерт, одличен по вкус, едноставен, но исто така идеален за полнење.
За да ја подготвите тортата стопете го путерот, па оставете да се излади.
Во сад додадете ги јајцата и шеќерот, матете на средна брзина додека не добиете шлаг, додадете прстофат сол и кора од 1 лимон.
Додека матите додавајте ги жолчите една по една.
Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и густинот на Сончева долина.
Ддодатете го во садот со јајцата, мешајки пополека.
Тргнете мал дел од смесата (околу две лажици) додадете го изладениот путер, мешајте набрзина да се соедини смесата.
Додајте ја во смесата од брашно и јајца мешајки полека.
Ставете ја смесата во калап за печење (20см) и печете во загреана рерна на 190 степени 40 мин.
Оставете да се излади.
Декорирајте со шеќер во прав.