Испечати

Бисквитна торта со кондензирано млеко и кисела павлака (без печење)

Бисквитна торта со кондензирано млеко и кисела павлака (без печење)

Состојки

  • 450 гр. бисквити Винчини
  • 1 кгр. кисела павлака
  • 400 гр. кондензирано млеко
  • 300 гр. џем

Подготовка

- Во сад спојте ги киселата павлака и кондензираното млеко, додадете ги искршените бисквити - измешајте.
- Добиената смеса ставете во модла на раскопчување на која обрачот ќе го обложите со транспарентна фолија, израмнете, одозгора залијте со од вас на вкус избран џем, оставете во фрижидер да одстои повеке време заради подобро сечење.
Напомена
- Јас ја ставив да стои преку ноќ, а ја залив со сос од вишни кој го приготвив така што од око ставив количина на обескостени вишни од компот на кој додадов малку густин за да ја добијам саканата густина, сочекав да олади и ја залив тортата. Сакам да кажам дека можете да ја заливате како сакате - не е воопшто грешно ако се направи и ганаш па да се залие.
- Можете да ставите пола обични бисквити пола бисквити со какао.