Испечати

Бакнежите на дамата (Бачи ди дама)

Бакнежите на дамата (Бачи ди дама)

Состојки

  • 100гр путер (собна температура)
  • 100гр мелени лешници
  • 100гр брашно
  • 100гр шеќер
  • 1 белка
  • 80гр темна чоколада

Подготовка

Кој не знае и никогаш немал можност да ги проба овие слатки мали колачиња, мислам дека дојде време за тоа.
Прекрасен рецепт! На интерент наидов на повеќе рецепти, меѓутоа се задржав на еден што ми го привлече вниманието. Овие колачина изгледаа како вистински бакнеж, две бисквитни половини кои се држат заедно, поврзани со чоколадо, кои изгледаа како две усти со намера да си дадат едни на други сладок бакнеж.
Што мислите за тоа?

Во сад ставете го путерот и шеќерот и мешајте со миксер додека не станат кремасти.
Додадете ги мелените лешници, белката.
Исклучете го миксерот постепено додавајте го брашното и на набрашнета работна површина, додајте ја смесата и без замесување завиткајте ја во најлонска фолија. Oставете го 2-3 часа во фрижидер да се одмори.
(Едноставно само тапкајте и формирајте тесто)
Тежината на самиот колач треба да биде по 4гр горниот дел и 4гр долниот дел.
За полесно цело време да не висиме над вагата и мериме на секое дали топчето ни е навистина 4 гр., со помош на сукало ја растргнуваме смесата отприлика околу 1см во висина, и формираме коцки по 2см во ширина и должина
(На сликите се гледа подетално).
Така добиваме коцки кои тежат 4-5гр.
Со помош на дланките направете топчиња, ставете ги во плех со хартија за печење и печете на 180 околу 12 мин. или зависи од рерната, додека не станат златно кафеави
(Мојата рерна ја пуштам на 200 степени за да пече како 180).
Во печењето самите топчиња ќе спласнат и ќе се направат во форма на сфера.
Оставете да се изладат.
На пареа ја растопуваме чоколадата, ја вртиме едната сфера ставаме од чоколадото, отприлика околу центарот и врз неа ја поставуваме другата половина.
Направете така со останатите сфери.
Оставете да се изладат пред послужување.

Забелешка
Мелените лешници може да ги замените со бадеми или пак микс од двете.
И правило број 1 во кујна, никогаш не ја отварајте рерната додека печете.