Испечати

Мелем торта (јубилеен 400рецепт)

Мелем торта (јубилеен 400рецепт)

Состојки

  • 12 јајца
  • 12 лаж. шеќер
  • 12 лаж. мелени ореви
  • 12лаж. мелени бисквити
  • Фил
  • 1 литар млеко
  • 375гр. путер или маргарин
  • 3 пудинга од чоколада
  • 9 лаж. шеќер(за филот со млеко)
  • 250гр. шеќер во прав(за филот со маргарин)
  • 200гр. ореви
  • 200гр. мелени бисквити
  • 200гр. чоколада за готвење

Подготовка

Ова е мојот јубилеен 400ти рецепти кој беше подготвен пред да се случи немилиот настан. Дружбата со сите вас и со екипата на Моирецепти о дсекогаш ми причинува посебно задоволство иако понекогаш не сме присутни со никакви коментари и објави...но како по навика секој ден почнува со преглед на објавените рецепти од старите и новите членки. Ова е мојата јубилејна торта која се подготвува на следниот начин.

Белките користете ги за кора. Четири белки разматете во пена со четири лажици шеќер. Додајте четири лажици ореви и четири лажици бисквити. Плех бр.24 обложете со хартија за печење и ставете ја кората да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 12 минути.Внимавајте кога ја печете, бидејќи ако ја препечете ќе се собере. Постапката повторете ја уште 2 пати за да добиете три кори.Во жолчките додајте шеќер за фил, пудингот и малку студено млеко, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Кога ќе зоврие згответе ги жолчките и мешајте додека не згусне. Тргнете го садот од оган, ставете фолија и оставете да се излади. Разматете маргарин или путер на собна температура со шеќер во прав, да биде пенасто. Во таа маса додајте го изладениот фил од жолчки и разматете. Во смесата додајте ги мелените ореви и бисквити. Чоколадото може и да се изблендира, ако ви е полесно. Количината чоколадо може да се зголеми, а исто така во филот може да се додадат и ореви и лешници. Со овој фил премачкајте ги корите на следниов начин кора-фил, кора-фил, кора-фил.Оставете да отстои за вкусовите да се соединат, па украсете по желба.
Уживајте!