Македонска Винчини торта со маџун
Состојки
- Тесто
- 8 белки
- 7 лажици шеќер
- 3 лажици мелени бадеми
- 5 лажици мелени ореви
- 2 лажици брашно
- 1 пециво
- Фил
- 150 гр маргарин
- 1 чоколадо за готвење
- 200 гр винчини вафли
- 200 гр винчини кексини
- 100 гр слатко од зелени смокви
- За потопување на бисквитите
- 6 лажици маџун
- За премачкување
- 1 шлаг крем
Подготовка
На овој убав ден, сакаме да споделиме една уникатна Македонска Винчини торта,
1. Пандишпан
Во подлабок сад се матат белките со шеќерот, а потоа постепено се додаваат оревите, бадемите, пецивото и брашното. Добиената смеса ја ставаме во тава обложена со хартија за печење и печиме 6 минути на температура од 250 степени.
Добиениот пандишпан го сечиме на два еднакви дела.
2. Фил
Маргаринот и чоколадото се топат на тивок оган. Се додаваат мелени винчини вафли и ситно исецкано слатко од смоква. Сето ова убаво се меша и се остава малку да олади. Филот го делиме на два еднакви дела
Врз едниот пандишпан се става едната половина од филот. Одозгора се редат винчини бисквити потопени во маџун. Врз бисквитите се става другата половина од филот. Одозгора го ставаме другиот пандишпан.
Тортата ја премачкуваме со шлаг крем
На здравје!
Забелешка¨
Од оваа торта излегуваат 14 парчиња. Доколку сакате поголема торта, дуплирајте ги состојките