Пудинг колач со вишни (без печење)
Состојки
- 1 пакување кори за торта Винчини
- 150 гр бисквити Винчини
- 150 гр медењаци со вишна Винчини
- 200 гр вишна
- 3 пудинг од чоколадо
- 1200 мл млеко
- 50 мл виски
- 200 гр чоколадо за готвење
- 12 лаж шеќер
Подготовка
Овој колач го правев за роденден на маж ми. Тој сака благо само со пудинг, и така направив по неговата желба.
За побрзо да биде земав готови кори за торта.
Вишните од вечер натопете ги со виски.
Половина од млекото ставете да зоврие, во останато млеко ставете ги пудингот и шеќерот. Во зовриеното млеко истурете го пудингот и варете додека не загусне. Оставете го да истине.
Бисквитите искршете ги, а медењаците исечете ги на коцки.
Во изладениот пудинг додајте бисквити, медењаци и вишни и се' промешајте.
Филувајте ги корите со фил. Оставете во фрижидер да се стегне.
На крај колачот прелијте го со растопено чоколадо и украсете со вишни.
Добар апетит!