Чоколадни мафини со бисквити
Состојки
- 1 чаша мелени Винчини бисквити (200 мл)
- 1 чаша шеќер
- 1/2 чаша шеќер
- 1 јајце
- 1 лажиче пециво
- 1/2 лажиче сода
- 70 мл масло
- 1/2 чаша врела вода
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- Крем
- 120 гр путер
- 100 гр крем сирење
- 100 гр шеќер во прав
- 1 лажиче какао
Подготовка
За вкусот нема да зборувам, преубави се, ама интересно во овој рецепт е што при печењето се прави длапка, средината сама пропаѓа и е идеално за полнење. Претпоставувам дека причината е што во нив наместо брашно има мелени бисквити.
Избијте го јајцето со шеќерот, постепено додајте ја врелата вода, маслото и сите суви состојки.
Во калапот за мафини ставете книжни корпиња, наполнете ги 2/3 со смесата и испечете ги во загреана рерна на 180 степени. (од оваа смеса мене ми излегоа 12 мафини).
За кремот можете да го искористите овој рецепт, не и не мора, филувајте ги по ваша желба.
Избијте го убаво путерот со шеќерот, додајте го крем сирењето, какаото и ванилата и миксајте да се добие убава кремаста смеса.
Украсете ги со љубов и подарете ги на тој што најмногу го сакате.
Да живее љубовта!