Млечна крем карамел торта (без печење)
Состојки
- За подлога
- 200 гр бисквити кексини Винчини
- 100 гр путер
- За млечниот крем
- 10 гр желатин
- 100 мл вода
- 500 мл слатка павлака
- 3 лажици шеќер
- 1 лажичка ванила екстракт
- 1 конзерва засладено кондензирано млеко(397 гр)
- 200 гр путер
- Карамел глазура
- 125 гр шеќер
- 125 мл слатка павлака
- 25 гр путер
- прстофат сол
- 1 лажица Чокола Крем Винчини
Подготовка
Превкусни ни се ваквите типови торти, кремасти, а не се ни комплицирани за подготовка, што мене многу ми одговара. Оваа торта е налик и по вкус на чизкејк, па ако ви се допаѓа по состав, навистина топло ви ја препорачувам.
Подготовка на тортата
1. Бисквитите ги мелеме и ги соединуваме со растопениот путер.
2. Во тавче со обрач бр. 22, а може и бр. 24 ставаме мрсна хартија за да полесно ни излезе тортата и за да ја ставиме во сад во кој ќе ја послужуваме. Убаво ја натапкуваме и израмнуваме подлогата на дното.
3. Желатинот го натопуваме во вода да ни набабри, а по 10 минути го загреваме да се растопи, па го оставаме малку да излади.
4. Путерот кој ни бил на собна температура пенасто го матиме со миксер.
5. Кон путерот го додаваме кондензираното млеко и повторно матиме до соединување.
6. Овде го ставаме и подизладениот и растопен желатин, ама прво да ја изматиме слатката павлака во друг сад заедно со шеќерот и ванила екстрактот.
7. Потоа ги соединуваме двете смеси со миксирање.
8. Целиов крем го ставаме во калапот врз бисквитната подлога. Израмнуваме и ја ставаме во фрижидер неколку часа за да се стегне.
9. Ја премачкуваме со крем карамелот и ја украсуваме по желба.
Подготовка на крем карамелот
1. Шеќерот го ставаме на средна температура да се растопи, карамелизира.
2. Откако ќе се стопи и добие проѕирна структура го тргаме на страна и растопуваме путер во него.
3. Ја додаваме постепено слатката павлака која претходно сме ја загреале. Оваа количина на едно 3-4 пати ја додаваме и мешаме истовремено.
4. Смесата ја враќаме на рингла сосема на кратко, колку да се хомогенизираат состојките.
5. Оставаме да се излади и малку да се стегне, па со него ја премачкуваме тортата.
Забелешка
Калапот за торта премачкајте го со путер доколку немате мрсна хартија.
Пред да ја филувате со карамел кремот внимателно отстранете го обрачот и мрсната хартија (ако сте ја ставиле).