Испечати

Делфиа со кокосово масло

Делфиа со кокосово масло

Состојки

  • 300 гр. црно чоколадо за готвење
  • 250 гр. кокосов маслац или путер
  • 4 лажици јако еспресо кафе
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер, а може кафен шеќер или мешавина од пола-пола
  • 1 ванила
  • по 1 лажица рум и мармалад од портокал или кајсија
  • количина според ваша оценка Перфето чоколадцата, бискоти и лешник политанки на Винчини
  • споре ваше мислење желе бомбони, марципан
  • за посипување чоколадни капки на Винчини

Подготовка

- Пригответе ја најпрвин модлата во која ќе го спремите овој чоколаден колач обложувајки го со транспарентна фолиа и да е со запремнина од 1 л. или од долгнавестите модли.

- Измесете го марципанот и оформете го во форма која ја сакате вие
- Ставете во сад да се стопи кокосовиот маслац или путер, тргнете на страна и до него додадете го искршено чоколадото, мешајте додека не се стопи. Откако се стопило додадете го кафето и мармаладот - измешајте, додадете румот - измешајте.
- Со миксер пенесто изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги кај стопеното чоколадо - измешајте.
- Во модлата истурете дел од добиената смеса, наредете врз неа онака како што сакате вие... бискотите, наполитанките, сецкано желе, перфето чоколадцата. Истурете го останатио дел и повторете постапката. Почекајте да излади и одозгора декорирајте чоколадни капки, со желе бомбони или онака како што сакате.
- Ставете преку ноќ да се скроз олади и зацврсти.
- Се служи тенко исечени парчиња.
Јас вака го спремав овој Делфи - кокосов колач - бидејки токму ова кокосово масло го добив и си носи име Делфи. Доколку некој сака да го приготви, а го нема кокосовото масло, тогаш нема воопшто да погрешите да го побарате рецептот на ЛиЛиН кој е поставен од поодамна на страницава, едноставно е фантастичен.
Колачот може да стои во фрижидер на обично ладење повеке време (ако остане), а одлично поднесува и замрзнување.