Слатки плетенки со брусница
Состојки
- 500гр брашно
- 2 јајца
- 50гр растопен путер
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажиче мед
- 2 лажици шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 300мл млеко
- 20гр свеж квасец
- по потреба сува брусница
- За премакување
- 1 јајце и шеќер во прав
Подготовка
Во топлото млеко се става едно лажиче шеќер, 1 лажиче брашно и квасецот, се промешува и нека се активира.
Потоа се додаваат растопениот путер, солта, јајцата, остатокот од шеќерот, ванилата и медот.
Сето со вилушка убаво го мешаме да се соедини.
Сега го додаваме брашното и замесуваме средно тесто.
Го покриваме и го оставаме да кисни 20 минути.
Потоа го делиме на топчиња од 15-20.
На секое топче во средината ставаме по неколку зрна сува брусница.
Потоа нежно формираме долга форма, како молив.
Сега го превиткуваме исуканото долго парче, на половина, со левата рака држиме на средината, а со десната рака формираме двојна плетенка.
Ги редиме во плех за печење.
Ги премачкуваме со изматено јајце, киснат 15 минути и ги печиме 25 минути на 190 степени.
Изладени ги посипуваме со шеќер во прав.