Испечати

Пилешки ќебапи со рукола

Пилешки ќебапи со рукола

Состојки

  • 550 гр мелено пилешко бело месо
  • 70 гр рукола
  • 1 мало јајце
  • 4-5 лажици лебни трошки
  • 1/2 мала главица (40 гр) рендан кромид
  • 1 мало чешне протиснат лук
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • по вкус сол и бибер
  • по потреба масло за пржење на ќебапите

Подготовка

Вкусни и интересни по состав ќебапчиња, а и уште еден начин да се искористи руколата.
Месото ставете го во еден сад.
Руколата многуу ситно исецкајте ја и додајте ја во месото. Додајте ги останатите состојки и убаво измесете ги со рака. Смесата треба да биде доволно цврста за да можат да се обликуваат ќебапчињата, па затоа ако е потребно додајте уште лебни трошки.
Смесата ставете ја да стои во фрижидер околу 2 сати малку да се стегне. Потоа напревете ќебапчиња.
Пржете ги во загреано масло на умерен оган да добијат црвенкаста боја.
Послужете ги топли со прилог и салата по желба.