Испечати

Паша локум

Паша локум

Состојки

  • Кафеав дел
  • 110гр брашно
  • 120гр шеќер
  • 3 лажици какао
  • 1л млеко
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • Бел дел
  • 200гр шлаг крем (+потребно млеко)
  • Подлога
  • 50 гр маргарин
  • 150гр кокос

Подготовка

Ова е прекрасен рецепт кој целото семејство го обожува!
Прво измешајте ги сувите состојки за кафениот дел, потоа додајте малку од млекото и измешајте за да нема грутки. Ставете го останатото млеко во тенџере на оган. Откако млекото ќе зоврие додајте ја смесата и измешајте додека не се згусне и направи пудинг. Откако смесата е готова измачкајте го плехот со маргарин и наросете го со кокос. Сипајте ја смесата врз приготвената подлога и оставете ја да се излади.
Потоа изматете го шлагот и сипете го врз плехот и за крај виткајте го во ролни и сервирајте го ИСКЛУЧЛИВО ЛАДЕН!
На здравје