Испечати

Колач со бисквити

Колач со бисквити

Состојки

  • 1 јајце
  • 130гр брашно
  • 30гр. какао
  • 200гр. шеќер
  • 1 м.лажичка прашок за пециво
  • 150 гр. мелени бисквити
  • 1/2 м.лажичка сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • 180мл. млеко
  • 100мл. зејтин
  • 200гр. чоколадо за готвење

Подготовка

Лесен и вкусен..
За почеток чоколадото за готвење го сецкате на поголеми парченца или го рендате, па го ставате во замрзнувач 10-15 минути.
Во еден сад се ставаат само сувите состојки и убаво се мешаат. Во друг сад мокрите состојки кои исто така ги мешате.
Од како ќе го извадите чоколадото за готвење го ставате во садот со сувите состојки, промешувате, ја додавате смесата со останатите состојки и се убаво се меша заедно.
Смесата ја ставате во калап кој предходно сте го обложиле со хартија за печење.
Печете 30мин на 200 степени.