Розато Роса
Состојки
- 50мл. Рамазоти Розато
- 100мл. газиран сок од шумско овошје (пр. Schweppes Russian Wild Berry)
- неколку коцки мраз
- 1 полна лажица шумско овошје (може и замрзнато)
- неколку ливчиња нане
Подготовка
Во чаша ставете ги коцките мраз, додадете го розатото и сокот од шумско овошје. Додадете го овошјето и измешајте убаво. На крај ставете ги ливчињата нане и уживајте во освежителниот пијалок.