Испечати

Пица ролнички

Пица ролнички

Состојки

  • 550 гр. готово тесто за пица
  • 200 мл. сос од домати
  • 1/2 лажиче сув босилек
  • 1 мало чешне лук
  • 200 гр. + 70гр. рендан кашкавал (моцарела по можност)
  • 100 гр. сувомеснато по желба

Подготовка

Тестото за пица премачкајте го со сосот од домати во кој претходно сте го ставиле босилекот и истиснатиот лук. Наросете го ренданиот кашкавал (200гр) и наредете го сувомеснатото. Завиткајте во ролат и сечете парчиња со дебелина од 2см. Парчињата редете ги во плех на хартија за печење и печете на 220 степени во претходно загреана рерна околу 15мин. во зависност од рерната. 5 минути пред крајот посипете ги со останатиот кашкавал (70гр.) и допечете.
Одлични се за родендени, за брзо подготвено мезе или за вечера.