Грета торта
Состојки
- Кори (состојки за една кора, потребни се вкупно 4 кори)
- 4 белки
- 5 лажици шеќер
- 8 лажици (100гр.) мелени ореви
- 1 лажица брашно
- За премачкување на корите
- 200 гр чоколадо за готвење
- 6 лажици зејтин
- Фил
- 300мл. + 450мл млеко
- 16 жолчки
- 16 лажици шеќер
- 8 со врв полни лажици брашно
- 250гр омекнат путер
- 100гр шеќер во прав
- 1 лажичка ванила екстракт
- За украсување
- 3 пакетчиња шлаг пена + млеко според упатсвото за подготовка, шеќерна паста во златна и сребрена боја, шеќерни снегулки, бели и сребрени шеќерни трошки
Загрејте ја рерната на 170 степени. Округлиот калап со пречник од 26 цм обложете го со хартија.
Мелените ореви и брашното измешајте ги во еден сад, тргнете на страна. Белките матете ги со миксер додека да добиете бела пена, додадете постепено шеќерот и продолжете со матење додека да добиете густа, сјајна смеса. Намалете ја брзината на миксерот и додадете ги мелените ореви и брашното, кратко измиксајте колку да се спојат состојките. Смесата ставете ја во калапот и печете 20 минути или во зависност од рерната. Направете вакви вкупно четири кори. Оставете да се изладат.
Чоколадото заедно со зејтинот истопете ги на пареа. Секоја кора премачкајте ја со чоколадото. Пред да филувате, ставете ги корите 10-15 минути во фрижидер или ладна просторија за чоколадото да се стврдне.
Подготовка на филот
Во 300мл. млеко измешајте го убаво брашното да нема грутки. Останатото млеко (450мл.) ставете го да се вари. Жолчките изматете ги со шеќерот додека смесата осветли и се згусне. Во оваа смеса додадете го млекото со брашно. Откако зоврело млекото, тргнете на страна, додадете ја смесата со жолчки и вратете на оган (умерена температура) да се вари. За цело време мешајте енергично со жица за матење за да не ви се направат грутки и за да не ви загори филот. Откако ќе згусне, тргнете на страна, покријте ја површината од филот со стреч фолија и оставете потполно да се излади. Путерот и шеќерот во прав изматете ги пенасто, додадете филот и ванила екстрактот, изматете со миксер да се спојат состојките. Филот поделете го на три еднакви дела.
Околу првата кора ставете обрач и врз неа распоредете го првиот дел од филот. Следува втора кора па фил, трета кора - фил и завршувате со четвртата кора. Оставете во фрижидер да се стегне неколку часа, најдобро преку ноќ. Наредниот ден внимателно отстранете го обрачот и украсете ја тортата со шлаг пена подготвена според упатството за подготовка, со шеќерна паста и шеќерни трошки/украси.