Испечати

Виршли во тесто

Виршли во тесто

Состојки

  • 2 паковања мини виршли
  • 1/2 свеж квасец
  • 100мл јогурт
  • 50мл млако млеко
  • 300-350гр брашно
  • малку сол
  • За премачкување
  • 1 жолчка
  • За наросување
  • по желба сусам, ким...

Подготовка

Во млакото млеко изронете го квасецот и оставете го да стаса.
Во подлабок сад, ставете го брашното, квасецот, јогуртот, солта и замесете мазно тесто.
Измачкајте го со масло и оставете го да нарасне.
Од тестото поделете топчиња, јас направив 8 колку што имав виршли, и расукајте ги по должина малку поголема од таа на виршлите.
Можете на средина тестото да го намачкате со путер, но и не мора. Ја ставаме виршлата на средина, го расекуваме тестото од средината кон краевите.
Потоа ја преклопуваме виршлата со исечените ленти.
Пред печење премачкајте ги со жолчка, по ваша желба наросете со сусам, ким, и испечете ги на 180 степени додека да заруменат од прилика околу 20 мин.

Забелешка
Јас предходно виршлите ги сварив, неколку мин, на тивок оган.