Брз колач со кокос и матеница
Состојки
- 2 шољи од кафе шеќер
- 3 јајца
- 2 шољи од кафе матеница (бутер милк)
- 4 шољи од кафе брашно
- 1-1/2 пакетче пециво
- 2 шољи од кафе кокос
- 1 шоља од кафе шеќер
- 400мл слатка павлака
- Шоља за кафе од 175мл.
Вклучете ја рерната да се загрева на 160 степени. Подлабокиот плех од рерната премачкајте го со масло.
Јајцата изматете ги убаво заедно со шеќерот. Додадете ја матеницата, брашното и прашокот за пециво. Изматете да добиете еднолична смеса и ставете ја во плехот. На страна измешајте го кокосот со 1 шоља шеќер и оваа смеса распоредете ја подеднакво врз тестото за печење. Ставете да се пече околу 20-25 минути. Проверете со чепкалка дали е печено. Извадете од рерна и веднаш налејте ја слатката павлака врз колачот додека е врел. Оставете убаво да се излади па послужете.
Толку :) За 30 минути имате готов, сочен и вкусен колач.
Напомена
Матеницата го прави тестото посебно лесно, меко и воздушесто. Доколку сметате дека рерната силно ви пече, тогаш печете го колачот на 140 степени околу 30-35 минути, битно е кокосот одозгора да не се препече. Јас овој пат имав неутрална павлака па во неа ставив 1 1/2 лажица шеќер и така ја искористив за колачов. За мерка користев шоља за кафе, од обичните сервиси, значи од оние со средна големина (175мл.)
На здравје