Лиешки вафли (белгиски вафли)
Состојки
- 150гр путер
- 1 пак (7гр.) сув квасец
- 3 лажици млеко
- прстофат шеќер
- 400гр. брашно
- 140мл млеко
- 2 јајца
- 25гр кафеав шеќер
- прстофат сол
- 1 лажиче ванила екстракт
- 150гр. шеќер во гранули
Подготовка
Познатите лиешки вафли, од надвор крцкави, внатре меки и ароматични.
Подготовка
Путерот ставете го во мало тенџере и на тивко стопете го. Оставете така да врие додека да почне да ја менува бојата до светло кафена. Тргнете на страна и оставете да излади.
Квасецот растворете го во трите лажици млеко и додадете го прстофатот шеќер. Оставете да запени.
Брашното, јајцата, млекото, ексртактот од ванила, изладениот путер и растворениот квасец, ставете ги во длабок сад и замесете еластично тесто кое нема да лепи на рака. Покријте го со крпа и оставете 30 минути да одмори. Додадете го шеќерот во гранули и кратко замесете.
Апаратот за вафли загрејте го на средна температира. Од тестото правете топчиња со големина по желба (кај мене колку пинг-понг топче) и печете ги додека убаво да поруменат.
Забелешка/ доколку не можете да најдете да купите шеќер во гранули, може и сами да го подготвите. Рецепт може да најдете овде на странава.
По можност, не ја испуштајте, т.е. не ја заменувајте оваа состојка во рецептот. Лиешките вафли се познати токму заради шеќерот во гранули во тестото, кој дополнително ги прави крцкави овие вафли.